Зголемувањето на платите во високото образование е под знак прашалник, поради настанатите повразни со формирање на новиот синдикат на јавните универзитети, рече Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура -СОНК, Јаким Неделков на вчерешната прес – конференција.
Тој рече дека би можело со измени и дополнувања на Законот за плати да се регулираат платите на вработените во виското образование, да се надминат овие проблеми.
Во однос на формирањето на синдикати на универзитети, Неделков посочи дека и порано се формирале синдикати за одредена цел, а откако ќе ја завршеле својата работа тие згаснувале.
Извор: Rabotnik.com.mk Feb. 14, 2020 at 12:30 pm