На 18.05.2018 година со почеток во 16 часот и 30 минути во просториите на Конгресната сала на Хотел Монтана, Крушево се одржа Vтиот Конгрес на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија (во натамошниот текст: ССКЦ, Самостојниот синдикат).
На Vтиот Конгрес беа присутни 57 делегати од можни 71 делегат со што беше обезбеден кворум и Vтиот Конгрес работеше полноважно и донесе полноважни одлуки со просто мнозинство од присутните делегати (половина плус еден).
Предлог деловникот за работа на Vтиот Конгрес беше едногласно усвоен од страна на делегатите.
За претседател на Самостојниот синдикат со мандат од 4 години беше избран
д-р Горан Беговиќ.
За членови на Советот на Самостојниот синдикат со мандат од 4 години беа избрани:
- Предраг Серафимовски
- Злате Шуплиноски
- Весела Малевска
- Билјана Атанасовска
- Махир Камбери
- Сенавер Селими
- Јорго Костов
- Жаклина Шопова
- Аница Алексовска
- Марија Пендовска
- Дејан Станковиќ
- Александар Цветановски
- Зоран Савевски
- Горан Јовановски
- Игор Ефремов
- Љубе Наумовски
- Роберт Колов
- Радован Митрички
- Стојна Наќева
- Сефедин Алиу
- Дарко Димовски
- Јулијана Јовановска
- Гордана Димеска
- Виолета Котевска
- Валентина Младеновска
- Елеонора Богдановска
Претседателот на Самостојниот синдикат по Статут е член на Советот на Самостојниот синдикат.
За членови на Статутарната комисија на Самостојниот синдикат со мандат од 4 години беа избрани:
- Македонка Гетева
- Драгица Стрезовска
- Ефка Билбилова
- Оливера Кузмановска
- Галина Наќевска
За членови на Надзорниот одбор на Самостојниот синдикат со мандат од 4 години беа избрани:
- Магде Доковска
- Гордана Станковска
- Весна Трајковска
- Драгана Цветковска
- Даниела Јаничевиќ